Две деца и маж од Македонија добиле воспаление на мозокот од западнонилска треска

од Берта Китинска
614 прегледи

Три случаи на западнонилска треска се регистрирани во Северна Македонија, кои резултирале со воспаление на мозокот. Се работи за две деца и едно повозрасно лице. Тие се евидентирани во месечниот извештај на ИЈЗ за месец август.

Според извештајот, вирусот на западнонилска треска бил лабораториски детектиран кај 8-годишно девојче од Струмица, 11-годишно момче од струшко и 69-годишен маж од Стајковци, сите на болничко лекување поради воспаление на мозокот.

Западнонилска треска се пренесува со убод од комарец, а кај мал дел од заразените се манифестира со тешки невролошки симптоми.Овој опасен вирус не се пренесува преку контакт меѓу луѓето. Едно лице може да бидат инфекцирано само ако е каснато од заразен комарец, а симптомите се јавуваат 3 до 14 дена по заразувањето.

Болеста се манифестира со треска и главоболка, вкочанетост на вратот, дезориентација, кома, замор, конвулзии, мускулна слабост и парализа.

Слични содржини