Две детски тела пронајдени на брегот на грчкиот остров Кос

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Телата на две малечки момчиња се пронајдени вчера на брег на грчкиот остров Кос, соопшти крајбрежната стража на Грција.

dete-udaveno1

Најверојатно, според крајбрежната стража, тие се од мигрантско семејство, кое се обидело да стигне до островот.

Вчера изутрината на хотелска плажа било пронајдено тело на бебе, веројатно на возраст меѓу шест месеци и една година. Неколку часа подоцна на истото место било пронајдено и телото на момче, меѓу три и пет години.

Околу 630 илјади лица влегле илегално во Европа од почетокот на 2015 година, изјави шефот на Европската агенција за контрола на границите, Фронтекс./МИА