На претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик и на уште двајца политичари ќе им биде забранет влез во Австрија и Германија, пишува австриски „Kurier“. Оваа одлука ја соопштиле австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер (Неос) и германската државна секретарка за Европа, Ана Лирман.
Како што пишува весникот, според министерката, „ќе се преземат мерки за да се спречи во иднина тројца одговорни политичари од Република Српска да влезат во Австрија и Германија“.
-Овие мерки се донесени во тесна координација со другите европски партнери, со цел да се запрат одговорните политичари од босанскиот ентитет, пишува „N1 Сараево“.
„Милорад Додик ги доведе своите сецесионистички провокации и акции до нова кулминација и јасно ги премина законските црвени линии“, нагласила Мајнл-Рајзингер.
„Веќе не сакаме да го толерираме ваквото однесување“. Лирман додала: „Дефинитивно е помината границата!“
Пред околу една недела, Додик беше осуден на една година затвор од страна на Судот на БиХ. Покрај тоа, тој треба да поднесе оставка од функцијата претседател и повеќе не смее да извршува политичка функција во период од шест години. Причина за пресудата се два закони потпишани од Додик, според кои пресудите на Уставниот суд во Босна и Херцеговина во делот на Република Српска треба да бидат суспендирани, а одлуките на претставникот на ОН, Кристијан Шмит, да бидат прогласени за неважечки. Двата закони беа укинати од страна на Шмит.