Две години од несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица

од Берта Китинска

Пред две години на денешен ден околу 17 часот со се уште не утврдени причини се преврте автобусот на автопатот Тетово-Скопје во близина на село Ласкарци.

Автобусот ја загуби контролата и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. 16 од патниците ги загубија животите, а 35 од нив поминаа со тешки повреди.

Жителите на скопското Ласкарци беа првите кои помогнаа во спасувањето на повредените. За нивната пожртвуваност гостиварската локална самоуправа додели благодарници.Последните патници биле извлечени околу осум часот вечерта, односно три часа по несреќата.

Денеска на местото на несреќата беше гостиварскиот градоначалник.

„Во хибридни режими има само разврска на сучаеви каде се украдени 10 ќебапчиња или ако на пазар е нешто украдено или ако има поткуп од 1000-2000-3000 денари е таму има судска разрешница веднаш. Но за вакви случаеви посебно кога има сомнеж дека сопственици на компанија се дел од партиите на власт. Тука има сомнение дека сопствениците односно можно е дека се акцонери некои членови на ДУИ нема да има разрешница додека не се смени власта“, истакна Арбен Таравари.

Случајот сè уште нема судски пресуди, обвинети се шест лица , меѓу нив и сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Бељули, како и возачот на автобусот.

Слични содржини