Две години затвор за Пајазити кој ја усмрти младата Теодора во Тетово

од Nikola Popovski
34 прегледи

Тетовскиот суд го осуди на две години казна затвор Менсур Пајазити, кој во септември во 2022 година со возило марка „БМВ“ ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Toj се појави на денешното рочиште, а откако му беше прочитано обвинението, ја призна вината.

Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за 44-годишниот Пајазити. Тој се товареше за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.

На претходното рочиште пред Основниот суд во Тетово група млади протестираше и истакна транспаренти со барање правда за Теодора. Претходното рочиште, пред две недели, беше одложено, бидејќи, како што тогаш информираше судијата, обвинетиот бил на лекување и не може да присуствува.

За сообраќајната несреќа која се случи во август 2022, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023, откако ја призна вината Менсур Пајазити е осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелацискиот суд ја намалил казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укинал двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

Случајот на Теодора Ристевска повторно ги отвори прашањата за ефикасноста и ригорозноста на македонскиот правосуден систем, особено во случаи каде жртвите се млади луѓе, а животот им е одземен во сообраќајни несреќи под неразјаснети или спорни околности.

Слични содржини