Јахтата „Авангарда“ ќе има пет палуби високи 18 метри, двa хеликоптери, базен и неколку спа-зони.
Предвидено е и движење со максимална брзина од 18 јазли.
Kонцептот е нова мегајахта од студиото „Lazzarini Design“ и може да прими вкупно 60 лица.
Италијанскиот дизајнер Пјерпаоло Лазарини е познат по уникатните пловни објекти кои привлекуваат големо внимание, а при дизајнирањето на „Авангарда“, тој беше инспириран од јапонската манга од седумдесеттите години на минатиот век, односно по изгледот на лебед.
Јахтата е долга 137 метри со контролна кула во форма на глава на лебед. Таа конструкција е всушност брод долг 16 метри што може да се оддели од остатокот на мегајахтата и потоа може да продолжи да плови независно.
Овој брод засега е само концепт, а неговата изградба би чинела околу 500 милиони американски долари.