Две комисиски седници закажани во Законодавниот дом

187 прегледи

За денес во Законодавниот дом се закажани две собраниски седници и тоа на Комисијата за образование, наука и спорт, како и Законодавно-правната комисија.

Во рамки на дневниот ред на 6. Комисијата за образование, наука и спорт се Барање за организирање јавна расправа по Нацрт концепцијата за основното образование, Предлог – закон за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, во прво читање и
Предлог закон за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, во прво читање, поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство.

Предлог на закон за образование на возрасните, во прво читање, е на дневен ред на 8. седница на Комисијата за образование, наука и спорт.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

 

Слични содржини