Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

од Nikola Popovski
190 прегледи

Директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода во Скопје утрово ја затекнал својата канцеларија запалена и демолирана.

Тој пријавил дека поранешен вработен со уште едно лице, фрлиле запалива течност и настанал пожар.

„На 11.11.2022 во СВР Скопје А.Ф.(36) вработен како директор на студентски дом во населба Кисела Вода, Скопје пријавил дека на работното место, по претходна расправија, Н.Ј., кој бил поранешен вработен во домот, заедно со уште едно лице, фрлиле запалива течност, при што настанал пожар“, соопштија од полицијата.

Од МВР велат дека нема повредени до моментот на пријавувањето, а пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Слични содржини