Две лица пронајдени починати во Скопје

од Milan1
49 прегледи

Две починати лица се пронајдени вчера во Скопје. Врз починатите немало траги на насилство.

– Во 08.00 часот било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината М.В.(75) од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Во сопствениот дом на подрачјето на Чаир, околу 14:40 часот бил пронајден починат И.С.(69) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.

Како што информира МВР, во двата случаи, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција.

Слични содржини