Две лица се приведени за убиството на рускиот генерал Кирилов

од Nikola Popovski
236 прегледи

Приведени се две лица осомничени за убиството на генералот Игор Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов, објави весникот „Комерсант“ повикувајќи се на свои извори.

Осомничените биле пронајдени на местото на злосторството, каде што надзорните камери снимиле неколку сомнителни автомобили. Организаторите ги контактирале луѓето преку инстант месинџер и им дале контакти од офицерите за врски од Службата за безбедност на Украина (СБУ), наведуваат медиумите.

Засега нема официјални информации за нападот.

Кирилов и неговиот помошник загинаа во експлозија пред зграда во Москва. Нападот се случил околу шест часот наутро. Според прелиминарните информации, експлодирала бомба поставена на електричен, кој се наоѓал пред влезот.

Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за убиство, терористички напад и недозволена трговија со оружје и муниција.

Слични содржини