Управата за вонредни ситуации на Република Турција (АФАД) соопшти дека две лица загинале во новиот земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди турската провинција Малатија.
Се наведува дека се повредени 140 лица. АФАД нагласи дека 32 лица се спасени од урнатините по земјотресот чиј епицентар бил областа Јешиљурт во Малатја.
Од повредените 12 се во тешка здравствена состојба. Од 140 повредени лица, 40 се уште се на лекување.
Урнати се 31 објект, а во седум згради завршија операциите за пребарување и спасување.
На терен се 650 луѓе кои работат на потрага и спасување на луѓето затрупани под урнатините.
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди квартот Јешиљурт во Малатија, Турција, во понеделникот во 12:04 часот по локално време.
Земјотресот е почувствуван и во околните провинции, а е регистриран на длабочина од 6,96 километри.