Две лица барани со потерница за казна затвор од 12 години приведени попладнево

253 прегледи

Секторот за внатрешни работи од Битола, како и одделението од Прилеп, приведоа две лица барани со потерница за издржување казна затвор до 12 години. Приведени се А.А. (30) и П.С. (36).

Попладнево беше соопштено дека за А.А. била распишана потерница за издржување на казна затвор во висина од 12 години, а П.С. за затворска казна во висина од година и половина.

Лицата се спроведени во Казнено-поправна установа Битола за издржување на затворската казна.

Слични содржини