405
Вчера во 20:00 часот на велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Скопје се случила незгода помеѓу два велосипеда, едниот управуван 52-годишната С.А.Д., а другиот од 35-годишниот Н.К., и двајцата од Скопје. По незгодата, велосипедистите биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на С.А.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни, а на Н.К. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје- информира МВР