195
Две лица се повредени во пожарот во деловниот центар Grand Setun Plaza во западна Москва, јавуваат руските агенции.
Околу 120 луѓе се евакуирани, а 11 се спасени со помош на специјални уреди, изјави за агенцијата ТАСС извор од Министерството за вонредни ситуации.
Руската новинска агенција наведува дека е можно во зградата да има уште заробени лица и дека во тек е претрес.