Две лица се приведени како осомничени во врска со денешното разбојништво врз експозитура на „Уни банка“ во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека три лица со оружје влегле во банката, а еден од нив пукал.
Вооружени лица денеска на пладне извршија обид за кражба во „Уни банка“ во близина на трговскиот центар Беверли Хилс во скопската населба Капиштец.