Две лица загинаа во пожарот откако авион удри во зграда во Русија

од Nikola Popovski

Две лица загинаа, а 15 се повредени во рускиот град Јејск, во пожар што избувна во деветкатница откако во неа се урна воен авион Сухој 34, соопшти локалната администрација на руското Министерство за вонредни ситуации.

„Во овој момент две лица починаа, 15 се хоспитализирани“, се вели во соопштението на тамошната локална управа.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека рускиот суперсоничен ловец-бомбардер Су-34 се урнал во градот Јејск на Краснодарската територија и дека пилотите се катапултирале.

Како што соопштија од Министерството, според извештајот на исфрлените пилоти, причина за падот на авионот бил пожар на еден од моторите при полетување. Министерството додава дека пожарот во зградата бил предизвикан од керозин кој се запалил на местото на падот на Су-34.

Пожарот по падот на воениот авион во Јејска зафатил деветкатница, а според првичните податоци оштетени се 17 станови, изјави гувернерот на областа Венијамин Кондратјев.

Слични содржини