Две мафијашки пресметки во Скопје за помалку од 24 часа: Граѓаните вознемирени, СДСМ бара оставка на Тошковски

од Илинка Илиоска
230 прегледи

Скопје беше сведок на две сериозни мафијашки пресметки во рок од помалку од 24 часа. Утрово, едно лице беше убиено на паркингот кај Мавровка, додека синоќа, во пукање во населбата Сингелиќ има повредени.

„Граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно. Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите“, велат од СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства а разрешница имаше само за еден случај. СДСМ ја обвинува власта за тоа што Македонија ја претвориле во „Див Запад“.

„Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како хотел Промаја,“ велат од партијата.

Од СДСМ додаваат дека „нема скандал во изминатите три месеци а да не е поврзан со Тошковски и МВР“. Тие бараат Тошковски да си даде оставка, нарекувајќи го „најнеспособниот министер за внатрешни работи“.

Слични содржини