Две момчиња спасиле девојка од запалена зграда (ВИДЕО)

од Milan1

Студентката Ирина Јерпулева од запалениот стан на деветиот кат ја извлекувале нејзиното момче и пријател, а за среќа сите минале со полесни повреди.

Ирина Јерпулева била спуштена од прозорецот на деветиот кат во станот долу без безбедносно јаже. Нејзиното момче, студентот Тимур Закиров и пријателот Адел Акхметзианов, неколку моменти порано се симнале и сопственикот на станот им помогнал да влезат низ прозорецот.

„Се двоумев се додека Тимур не почна да ми вика, тоа ме прибра“, раскажала Ирина, на која Тимур и го спасил животот.

„Се симнав долу. Тие ме упатија и ми кажаа што правам. Ме фатија за нозете и ме повлекоа низ прозорецот на 8-миот кат“, додала таа.

Стравот дошол подоцна, кога сфатиле колку е високо и дека секој погрешен чекор можел да заврши кобно.

Висел за едната рака, со другата ја држел рамката на прозорецот

Уште едно видео неколку секунди подоцна покажало како Тимур и Адел во очај се симнале од станот во пламен, држејќи се за рамката на прозорецот. Се качиле на прозорецот, се држеле за рамката и удирале со нога во прозорецот на станот долу на осмиот кат.

„Фала му на Бога што сопственикот беше дома. Да не беше тој, не можам да замислам што ќе се случеше. Тимур висеше за една рака, а со другата со неколку прсти се држеше за рамката. Со десната рака цврсто се држев за прозорската даска, а со левата ја повлеков неговата друга рака за рамката на прозорецот за да можам да се кренам. Мислев дека ќе мораме да скокнеме и тоа делуваше подобро отколку да останеме горе и да изгориме“, го опишал Адел спасувањето кое личело на сцена од акционен филм.

Ирина се здобила со исекотини, гребнатини и труење со јаглерод-моноксид, но не и било потребно болничко лечење.

Тимур се здобил со изгореници и останува во болница. Другиот пријател, Игор Гранкин се здобил со 34 проценти изгореници откако побегнал преку вратата пред пламенот да се прошири. Се верува дека пожарот го предизвикал краток спој.

Слични содржини