Две навивачки од Тексас по грешка влегле во погрешен автомобил, возачот ги застрелал

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Две навивачки од Тексас вчера по грешка влегле во погрешен автомобил на паркингот, по што сопственикот на возилото ги застрелал со огнено оружје. Полициското одделение Елгин соопшти дека поради овој инцидент го уапсиле Тело Родригез Јуниор (25) и дека е обвинет за напад, пишува ABC News.

И двете навивачки поради повредите завршиле во болница. Едната е пуштена дома по преглед и соодветен третман, а другата со хеликоптер е пренесен во болница и е во критична состојба.

Хедер Рот, навивачка од групата Woodlands Elite Cheer Co, сподели на Инстаграм што се случило таа вечер.

Таа навела дека со уште три навивачки малку по полноќ отишле на паркингот по тренинг. По грешка ја отворила вратата од погрешен автомобил во кој се наоѓал маж. Потоа излегла од возилото и се вратила во автомобилот на нејзината пријателка. Човекот потоа дошол до нив. Рот го спуштила прозорецот за да се извини, но мажот почнал да пука.

Слични содржини