Германска државјанка загина во судир на два скутера на море, во градот Марина кај Хвар, додека две деца се повредени, од кои едното има повреди опасни по живот.
Оваа поморска несреќа се случила вчера попладне, а кратко потоа следувала уште една во која тешко повредена е 26-годишна жена, објави полициската управа на Сплит-Далмација.
Уште една несреќа се случи на отворено море источно од р’тот Јеролим, кога скутер управуван од 27-годишна француска државјанка удрил во грбот на друг запрен скутер поради неприлагодена брзина. Како резултат на ударот, 26-годишната патничка на запрениот скутер се здобила со повреди, објави загрепскиот портал „Индекс“.
Таа била пренесена во КБ Сплит, каде што била задржана поради сериозноста на повредите.
Против француската државјанка ќе биде поднесена кривична пријава.