Две опции за мир во Европа: Решението на Кисинџер за ставање крај на војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

Хенри Кисинџер, контроверзниот добитник на Нобеловата награда и моќен дипломат чија служба под двајца претседатели остави неизбришлива трага во американската надворешна политика, почина на 100-годишна возраст во својот дом во Конектикат.

Кисинџер беше активен и откако го прослави стотиот роденден. Тој присуствуваше на состаноците во Белата куќа, објави книга за стилови на лидерство и сведочеше пред комисијата на Сенатот за нуклеарната закана од Северна Кореја.

Претходно оваа година, Кисинџер истакна две опции кои ќе ја завршат војната во Украина и ќе донесат мир во Европа.

„Украина треба да биде примена во НАТО бидејќи станува земја со најдобро вооружување во Европа и најмалку искусно лидерство“, изјавил тој во интервју за „Економист“.

 

„Она што сега го зборуваат Европејците, според мене, е неверојатно опасно. Европејците велат дека не ги сакаат во НАТО затоа што се премногу ризични, но добро ќе ги вооружат и ќе им го дадат најдоброто оружје. Сега ја вооруживме Украина до тој степен што ќе стане најдобро вооружената земја со најмалку стратегиски искусно лидерство во Европа“, навел Кисинџер.

Тој тврдеше дека конфликтот меѓу Русија и Украина ќе заврши приближно на истите позиции што ги имаа пред 24 февруари 2022 година и рече дека стравува дека Украина подоцна може да се обиде воено да ги врати териториите врз кои Русија воспостави контрола од 2014 година.

Кисинџер посочи дека светот ќе добие „незадоволна Русија, но и незадоволна Украина, доколку специјалната операција не заврши во корист на Москва“.

Додаде дека Западот може да разгледа две опции за да обезбеди мир во Европа. Прво, да се прими Украина во НАТО, второ да се иницира зближување со Русија за да се создаде стабилна граница во источниот дел на регионот.

„За доброто на европската безбедност, подобро е да ја имаме Украина во НАТО, каде што не може да одлучува за територијални претензии на национално ниво“, заклучи поранешниот државен секретар на САД.

Хајнц Алфред Кисинџер е роден во Фурт, Германија, на 27 мај 1923 година и се преселил во САД со своето семејство во 1938 година, пред нацистите да ја започнат својата кампања за истребување на европските Евреи.

Тој го „американизираше“ своето име во Хенри и стана натурализиран американски државјанин во 1943 година. Служеше во Армијата на САД во Втората светска војна и доби стипендија на Универзитетот Харвард, каде што магистрираше во 1952 година, а докторираше во 1954 година

Слични содржини