Во исто време вчера, во 16:15 часот, двајца скопјани пријавиле дека шофершајбните на нивните возила настрадател од заталкани крушуми.
Како што соопшти СВР Скопје, Ј.Ј.(40) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
Во истото време, А.П.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 13:30 до 15:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „форд“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот