276
Последната анализа беше дека две третини од сите случаи, од направениот скрининг, се препишуваат на делта сојот, кажа министерот Венко Филипче.
-Следната недела треба да излезе новата анализа која ја прави Институтот за јавно здравје и лабараторијата на МАНУ. Тоа што е битно е без разлика дали пациентите се заразени со едниот или другиот сој правилата за вакцинација остануваат исти, истакна министерот Филипче.