Две вакцини во недела: Пристигнуваат и вторите 3000 дози од Спутник V

од Nikola Popovski
252 прегледи

Во недела се очекуваат да пристигнат и вторите 3000 дози од вакцината Спутник, кои се наменети за здравствените работници за ревакцинација, соопшти Министерството за здравство за ТВ 24. Истиот ден се очекуваат да пристигнат и 24 илјади вакцини од АстраЗенека преку Ковакс механизмот, како што вчера објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Вечерва заседава Комитетот за имунизација кој треба да го уврди редоследот за вакцинација. Од Министертвото велат дека треба да се заокружи вакцинацијата на здравствените работници, особено во ковид-центрите. Според фазите на вакцинација по нив, на ред се лицата над 70 години, со што ќе се заокружи првата фаза.

За вакцините на АстраЗенека, премиерот Зоран Заев од Делчево порача дека вакцините се безбедни и испрати порака велејќи дека што поскоро се вакцинираме, толку побрзо ќе ја победиме пандемијата.

Први на список за вакцинирање во земјава покрај здравствените работници, се повозрасните луѓе, хронично болните, попишувачите, полицијата, војската и други граѓани.

„Има една предност што сме земја со задоцнување со вакцините. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, а од тоа може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави, треба да ги користиме сите. Колку час поскоро се вакцинираме сите, толку поскоро ќе ја победиме пандемијата“, вели премиерот.

Слични содржини