Според информациите од СВР Тетово, синоќа во тешка состојба во гостиварската болница биле донесени 67 годишна жена од Гостивар и нејзината 30 годишна снаа.

Постарата жена била во бесознание, а помладата успеала да објасни дека јаделе печурки кои сами ги набрале. Двете веднаш биле пренесени во скопската клиника „Мајка Тереза“, каде докторите се борат за нивните животи.