Жена загинала во поплавите, а маж – во пожар во својот дом во градот Рокпорт во екот на невремето.

Околу 30 лица со повреди добиле медицинска помош, а уште околу 40 лица се сметаат за исчезнати .

Ураганот “Харви” вчера достигна до  брегот на Тексас како ураган од четврти степен (петти степен е максималната ), но потоа ослабна до ниво на тропска бура, и  нанесе сепак значителна штета во крајбрежните градови, каде  се очекуваат и нови поројни врнежи.

Американската крајбрежна стража спасила најмалку 20 лица при различни инциденти поврзани со ураганот. Два хеликоптери успеале да спасат 18 лица – тројца од рибарски брод, четворица од шлеп и 11 од две влечни  возила.

Крајбрежната стража спасила исто двајца луѓе и нивното куче, блокирани во близина на градот Рокпорт каде штетите од ураганот, се многу сериозни.