Двегодишно дете падна од 15-ти кат и преживеа!

од Nikola Popovski
196 прегледи

Двегодишно дете паднало од 15-ти кат на станбена зграда недалеку од Вашингтон, главниот град на Соединетите Американски Држави и преживеало, информираат американските медиуми.

Според портпаролот на локалната противпожарна служба во округот Монтгомери, Мериленд, падот од балконот бил ублажен од густите грмушки под зградата.

Телевизиската станица „ABC“ објави дека малата телесна тежина на детето, исто така, одиграла клучна улога во неговото преживување на несреќата.

„Неговата возраст, големина и тежина веројатно помогнале. Да беше потешко и поголемо, можеби немаше да го има овој исход… Мислам дека преживеало поради комбинацијата од грмушките и неговата телесна градба“, рекол портпаролот на пожарникарите.

Момчето во несреќата се здобило со скршеница на раката. Точната причина за несреќата сè уште не е утврдена. Истрагата е во тек.

Слични содржини