Министерството за здравство потврди два случаи на мајмунски сипаници во земјава. Комисијата за заразни болести веднаш препорача самоизолација и здравствен надзор за заболените лица.
Се следат и лицата кои биле во близок контакт со заболени – доколку покажат симптоми, ќе бидат тестирани во Институтот за јавно здравје.
Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на личната хигиена и, при појава на симптоми, веднаш да се обратат кај својот матичен лекар.
Во меѓувреме, до матичните лекари ќе биде доставена информација со насоки за постапување со сомнителни случаи.
Министерството уверува дека состојбата се следи постојано и ќе се реагира навремено – приоритет останува заштитата на јавното здравје.