270
Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Бугарија по страшната несреќа кај „Струма“ пристигнаа во болницата во Скопје.
-Јас утрово разговарав со директорот на болницата. Тие се испишуваат во стабилна состојба како што впрочем беа целокупниот овој период. Станува збор за 17-годишна девојка и уште еден повозрасен пациент. Тие имаат повреди, треба да бидат сместени на Клиниката за пластичната хирургија, тука се обезбедија места, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој рече дека откако двајцата пациенти ќе пристигнат во Македонија, ќе се направи проценка колку долго ќе бидат хоспитализирани, пред да бидат пуштени на домашно лекување.