Движење БЕСА го обвинува Министерството за култура за етничка дискриминација

од Vladimir Zorba
186 прегледи

  

После објавувањето на огласот за прием на двајца државни службеници во Министерството за култура со број 10/2018 (http://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/118 – 10/2018) односно за прием на еден помошник-раководител во секторот за издавачка дејност и еден помошник-раководител во секторот за културно наследство, меѓу другото се истакнува дека службеникот треба да биде ‘‘македонец/македонка’’.

После доаѓањето на власт на новата влада, која – меѓу друго- зеде и значителен број на албански гласови – никој не очекуваше државните службеници да бидат примени поради етничката припадност, освен во случаите кога треба да се почитува правичната и пропорционалната застапеност на незастапените заедници.   Затоа, Движењето БЕСА  смета дека ова е скандал кој потврдува дека речиси воопшто не е променето едноумието и дека продолжува стариот терк на дискриминација.

Тргнувајќи од ова Движењето БЕСА бара овој конкурс да биде откажан или да се сменат условите за прием на државните службеници, не специфицирајќи ја етничката припадност, туку само познавањето на јазиците, бидејќи ова оневозможува еднаков  натпревар за сите граѓани на Република Македонија за работно место.

Ако Агенцијата за државни службеници, односно Министерството за култура, не презема мерки за исправување на оваа грешка, нам ни останува да заклучиме дека и со новата влада променета е само фасадата, но не и содржината, се вели во соопштението на   Движење БЕСА.