Пратеникот Миле Цеков од движењето ЗНАМ на собраниски прес објави дека ЗНАМ ќе достави иницијатива до Министерството за животна средина и владата на Република Северна Македонија за прогласување на планината Беласица за заштитно подрачје категорија 5, односно заштитен предел според законските одредби.
,,Планината Беласица, која се наоѓа на југо-источниот дел на земјата и припаѓа на три држави, веќе е прогласена за национален парк во Грција и за заштитено подрачје во Бугарија. Сепак, досега во Македонија не е пројавена политичка волја за нејзино заштитување” изјави Цеков.
Во прилог на иницијативата, ЗНАМ ќе достави и валоризирана студија од експерти поддржана од УНДП, која укажува на потребата од прогласување на планината за заштитено подрачје. Според Цеков, Беласица располага со значајно природно богатство и потенцијал за еко-туризам, а нејзината заштита би создала услови за развој на туризмот во Струмичкиот регион и спречување на нелегалната сеча на шумите.
Движењето ЗНАМ изрази уверување дека Владата ќе го прифати предлогот и ќе ја прогласи Беласица за заштитено подрачје, согласно законот за заштита на животната средина.