Двоен трансфер удар за Наполи

од Vladimir Zorba
329 прегледи

Наполи се засили на трансфер пазарот и за неколку часа договори потпис на две нови засилувања.

Напаѓачот на Верона Џовани Симеоне ќе пристигне на позајмица за 3,5 милиони евра, а наполитанците имаат опција да го купат за дополнителни 12 милиони евра. Клаузулата ќе стане обврзувачка доколку Наполи се пласира во Лигата на шампионите или Аргентинецот постигне одреден број на голови сезонава.

Синот на Диего Симеоне веќе ги договорил личните услови. Тешко дека ќе му биде на располагање на Лучано Спалети за првиот натпревар сезонава во кој „наполитанците“ излегуваат против Верона.

Симеоне постигна 17 гола во Серија А минатата сезона, што беше негова најуспешна во Италија. Во Италија играше и за Џенова, Фиорентина и Каљари.

Во Наполи ќе игра и Танги Ндомбеле. Французинот ќе биде земен на позајмица од Тотенхем. Двата клуба ги прецизираа сите детали и се чека само согласност од самиот играч.

Ндомбеле во текот на минатата сезона не успеа да му се докаже на Антонио Конте и беше прекомандуван во Лион, а сега „мамузите“ му бараат нов тим.

Во Неапол треба да го замени Фабијан Руиз кој е пред трансфер во Пари Сен Жермен.

Слични содржини