
„Артан Груби вети субвенции за приватни фирми кои ќе вработуваат Албанци (читај и други малцинства) додека Билал Касами побарал двојазичност во приватни фирми зошто дел од Албанците не знаеле Македонски! Значи дечки да се разбереме! Прво ние не сме глупи, ни необразовани, ни прости, а фала богу здрави и прави, и конкурираме на трудовиот пазар еднакви со Македонци, и со Германци и дрги, и тука и во странство! Не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми“, пишува Лиса Баути Шаќири на својот Фејсбук профил како одоговор на препукувањата на лидерот на Беса, Билал Касами и министерот за економија, Крешник Бектеши за вработувањата по етнички клуч.
„Тоа што вие како партија можете да направите е барем мало делче од кадарот што го вработувате да не биде делегиран од вашата партија туку да им се даде еднаква шанса на сите Албанци, без разлика на тоа има, или нема вложено труд за партијата (или поедува или не партиска книшка).
Второ, ретко кој дипломиран Албанец не знае Македонски. Тие што студирале надвор од државава може да не знаат, ама тие не ви се враќаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.
Двојазичност не можете да наметнете кај приватни сопственици, па ни Македонски јазик не можете да наметнете кај Албански и странски приватни фирми што работат тука.
Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот Македонски јазик и Албански, па се до поголеми фирми.
Конечно претсанете да не омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите. Оваа ваша ефтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на Македонците“, вели таа.