Оскар Пјастри од Мекларен победи на синоќешната трка за Големата награда на Мајами, шестата од 24-те трки во сезоната во Формула 1, пред својот колега Ландо Норис на патеката во Мајами.
Стартувајќи од третата позиција, Австралијанецот водеше одлична битка до последниот круг со Британецот, додека Џорџ Расел од Мерцедес го освои третото место.
Ова беше трета победа по ред за Пјастри, а негова четврта вкупно во првите шест трки, додека Норис победи во спринтот во Мајами во саботата.
Иако стартуваше прв, светскиот шампион на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши четврти и веројатно е најголемиот губитник на трката. Тој беше претекнат од двата Мекларена во трка која многумина ја сметаа за најдобра во сезоната досега.
Патем, возачот кој стартуваше од пол-позицијата не успеа да победи од дебито на трката во 2022 година во Мајами.
Пјастрi води во генералниот пласман со 16 бода повеќе од Норис (131 – 115 бода), Верстапен има 99 бода на третото место, додека Мекларен е убедливо прв меѓу конструкторите.
Следната трка во сезоната е Големата награда на Емилија-Ромања во Имола, Италија, закажана за 18 мај.