Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, конечно се врати на тренинг теренот, на кој последен пат се најде на 18 септември минатата година.
Најдобриот светски голман за периодот 2013-2016 почна со лесни тренинзи во друштво на фитнес тренерот, Томас Вилхелми.
Ману има двојна прилика за прослава, бидејќи денес полни 32 години. Тој не останал долго време на теренот, правејќи два круга од десет минути на „Зебенер Штрасе“.
Како што е познато, Ноер доби повреда на ногата за време на тренинг сесијата во септември, така што неговото учество на Светското првенство беше под закана.
„Моите нозе не покажа некоја реакција на контролниот преглед, ги чуствувам двете нозе на ист начин. Тоа беше важен чекор напред за мене“, изјави Ноер.
Пред извесно време тој признал дека играл многу години со метална плочка во ногата.