Двојна трагедија во Србија: Убиена директорка на основно училиште и нејзиниот возач од љубоморен сопруг

од Nikola Popovski
232 прегледи

Утрово во Србија била убиена директорката на училиштето „Сава Шумановиќ“ во Ердевик, Бранислава Гњидиќ (49), од страна на нејзиниот сопруг со автоматска пушка. Тој го убил и возачот Мирослав Б.

Ова двојно убиство се случило утрово околу 9,30 часот, соопштуваат српските медиуми.

Според известувањата, Предраг Г. (53) влегол во училишниот двор, каде со автоматска пушка го застрелал Мирослав Б., а потоа се упатил кон училишната зграда и ја убил сопругата во канцеларијата.

Како што се дознава, тој потоа ѝ се предал на полицијата. Според неофицијални информации, Предраг се сомневал дека сопругата има афера со возачот, па се претпоставува дека тоа е мотивот за убиството.

„Кога ја убил сопругата, чекал да дојде полицијата. Пред тоа, дошол со автомобил, излегол со автоматска пушка, седнал во паркот и чекал да дојде возачот. Кога пристигнал, влегол во училишниот двор, пукал кон него, а потоа тргнал по сопругата“, велат извори од лице место.

Предраг и Бранислава имале две деца.