Двократниот олимписки освојувач на бронзен медал во скокови во вода, Том Дејли и неговиот сопруг – режисерот Дастин Ленс Блек – чекаат дете. Двајцата ја објавија веста на Денот на вљубените – 14-ти февруари. На нивните официјални профили на социјалните мрежи, тие заедно споделија фотографија од ултразвук. Тие не откриваат повеќе детали за среќниот настан. Тоа треба да дојде од сурогат мајка.
23-годишниот Дејли откри дека е геј во 2013 година со официјално обраќање во „You Tube“. Две години подоцна, се верија со 20-годишниот Дастин Ленс Блек, а во мај 2017 година се омажија во хотелот „Бовли Кесл“ во Дартмут (округот Девон). Во август тие беа на меден месец во Барселона.
Том Дејли има бронзени медали од скокови на Олимписките игри во Лондон и Рио де Жанеиро. За време на неговата кариера освоил три златни медали од светски шампионати и четири европски првенства. Тој е троен шампион на „Commonwealth“ игрите во британија.
Неговиот сопруг, Дастин Ленс Блек, освои Оскар за најдобро сценарио во 2008 година, откако беше награден за филмот „Млеко“.