Двомесечно бебе спасено 128 часа по земјотресот! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
125 прегледи

Двомесечно бебе е спасено откако 128 часа било затрупано под урнатините во провинцијата Хатај, јавува турската државна новинска агенција Анадолу.

Бебето е извлечено од урнатините во областа Искендерун и однесено во болница, додаваат од Анадолија.

Иако критичниот период од 72 часа за пронаоѓање на преживеани од земјотресот во понеделникот одамна помина, спасувачките тимови сè уште се обидуваат да стигнат до сите кои се живи.

На социјалните мрежи и телевизијата, луѓето во погодената област молат за итна помош, тврдејќи дека гласови сè уште се слушаат под урнатините.

Слични содржини