Двонеделен карантин за сите македонски граѓани кои влегуваат во Албанија

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Албанија од утре, 20 април. воведува карантин од 14 дена за сите граѓани кои влегуваат на нејзина територија од С. Македонија и од Грција.

Одлука за тоа денеска донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај.

Велигденските празници во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи предвид дека минатата година по овој празник бројот на новозаразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи, комитетот ја донесол оваа одлука.

Слични содржини