Двотретинското мнозинство за уставни промени не е потребно исклучиво за Владата и Парламентот, порача Ковачевски

од Nikola Popovski
127 прегледи

Последно време за кое говорите е две години како што бараат предвремени избори. Во последно време и не гледам дека нешто бараат. Имаат амплитуди во барањето, вели премиерот Димитар Ковачевски за барањата на опозицијата за предвремени избори и нивно поврзување со евентуалните уставни измени.

За Ковачевски, двотретинското мнозинство за отворање на Уставот не е потребно исклучиво за Владата и Парламентот.

-Тоа не е процес на една партија, туку на сите партии застапени во Парламентот кои што треба да обезбедат европска иднина на државата. Одговорност на сите политички партии во државата е да го исполнат она што во 1991 година го имаат зададено нашите претходници – независна македонска држава членка на НАТО и ЕУ. Патот до Унијата ќе бара многу реформи и затоа и опозицијата мора да биде вклучена во тие реформски закони, рече премиерот на новинарско прашање.

Ковачевски е дециден дека граѓаните очекуваат да живеат во држава полноправна членка на ЕУ.

-Една од одлуките до тоа полноправно членство е и таа промена на Преамбулата на Уставот, одговори Ковачевски.