Двојазични полициски униформи најдоцна до крајот на март следната година

од Nikola Popovski
205 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа најави дека најдоцна до 26-ти март 2023 година униформите на полицајците ќе бидат двојазични, поточно на македонски и албански јазик.

-Тоа е временски период во кој што треба сите постапки да се завршат. Подготовките ги правиме и после тоа ќе се применува согласно законските решенија, рече Спасовски во емисијата „Патот кон“.

-Уредбата беше донесена од Владата и објавена во Службен весник на 18-ти март 2022 година. Таа стапи во сила осмиот ден од донесувањето и ќе почне да се применува најдоцна во рок една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година, дополни Спасовски.

Слични содржини