
Пропаганда и дезинформации, сајбер напади, шпионажа и сајберсаботажи – низ интернет демнат какви ли не закани. Според претседателот на Федералната служба за заштита на уставот (германското внатрешно разузнавање), токму во тоа се крие и дел од “хибридната закана за западните демократии”. Ханс-Георг Масен ова изјави пред новинарите во Берлин. Според него, “променетото информациско однесување на корисниците на социјалните мрежи е вратата низ која може да нападнат дезинформациите”. Најстрашното сценаријо за кои предупредуваат службите за безбедност, вклучуваат можни напади врз клучни инфраструктурни објекти како електрани или болници. При тоа, експертите посочуваат дека акции како последната хакерски напад против мрежа на Дојче Телеком се релативно безопасни. Бидејќи колку и непожелно да беше падот на телефонските и компјутерски врски, сепак сето заврши добро. Специјалистите не исклучуваат нападот да е дојден од руски хакери. Истиот извор може да стои и зад масовниот хакерски напад врз компјутерите на Бундестагот минатата година. Засега нема конкретни докази за тоа, но експертите сметаат дека е можно, бидејќи има одредени индикации. Политичарите се на нишан
Шефот на внатеушното разузнавање Ханс-Георг Масен ја разгледува потенцијалната закана во контекст на претстојните следни парламентарни избори во Германија. Во политичката сфера се забележува “зголемена активност на агресивна сајбершпионажа”, вели тој. Информациите кои им се достапнби се земени со помош на сајбер напади, а подоцна можат да се појават во предизборната борба со цел да бидат “дискредитирани одредени германски политичари”. Во оценката на шефот на службата, најзагрозени се членовите на германската влада, пратениците во Бундестагот и соработниците на партиските централи. “Се множат сигналите за тоа дека ќе има обиди за манипулација на парламентарните избори следната година”, вели уште Масен. Тој стравува дека преку масовни дезинформации и напади може да биде создадена поволна почва за промена на јавното мислење. Колку лесно е тоа покажа случајот од почетокот на 2016, кога пропаганда од руски медиуми и одредени сајтови лажни информации за силувано во Берлин 13-годишно девојче со руски корени доведе до масовни протести во земјата, вклучувајќи и пред зградата на германскиот кабинетот на канцеларката. Подоцна стана познато дека оваа приказна е измислена. Сомневањата околу “ATP 28”, во последните неколку месеци беа регистрирани и неколку напади врз класичен политички објекти. Во август Бундестагот стана повторно цел на напад, а во мај – седиштето на Христијанско заедница (ХДС). И двата обиди не успеаја. Силите за безбедност претпоставуваат дека зад овие сајбер напади стои руската хакерска група која експертите ја нарекуваат “APT 28” – Advanced Persistent Threat (во превод: современа постојана закана). Разузнавањето предупредува дека оваа хакерска група користи суптилен метод: ширење на дезинформации под туѓо име, односно организираат кампањи, зад кои стојат лажни хакери. На овој начин корисниците на интернет тешко или воопшто не можат да препознаат овие информации како лажни.
Анализата на Ханс-Георг Масен е објавена во “Дојче веле”