DW: Недозволиво е претседателот да не учествува на Самитот на НАТО

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Иванов бара поддршка од САД за зачленувањето на Македонија во НАТО, а не оди таму каде што главните пораки ќе ги упати токму претседателот Обама, вели Исмет Рамадани, претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија

0,,19388064_303,00

Во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава, покрај континуираните активности, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија организираше серија активности и дебати за афирмација на евроатлантските вредности, како и за запознавање со придобивките од зачленувањето на Република Македонија во НАТО. Дел од нив беa „Seecure 2016“ – Mеѓународна конференција со учество на истакнати личности од политичката, академската и деловната сфера од земјата и регионот, како и шестата студентска симулација „НАТО во очите на Варшавскиот самит“, со учество на 50-тина студенти од сите универзитети во Македонија. Во рамите на „2BS“ – Форумот во Будва, Црна гора и годишното собрание на Atlantic Treaty Association (ATA) чија членка е македонската организација, беа реализирани средби со заменикот генерален секретар на НАТО, Александар Вершбо, со претседателот на АТА, Фабрицио Лучиоли, и други истакнати личности во структурите на НАТО. За значењето на Самитoт на НАТО во Варшава и за очекувањата на Македонија, зборува Исмет Рамадани, претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

DW: Каква важност има овој Самитот на НАТО и кои теми ќе го апсорбираат главното внимание?
Рамадани: Самитот на НАТО во Варшава има историска важност и симболика, бидејќи се одржува токму во градот каде во 1955 година беше потпишан Варшавскиот пакт, како пандан на западната воена алијанса на НАТО. Денес, 61 година потоа, сите земји од тој пакт освен Русија се земји-членки на НАТО. Се очекува доминантни теми на самиот да бидат односите помеѓу НАТО и Русија, посебно ако се земат предвид неколку околности кои придаваат особена важност на овие односи, како што се воената инвазија на Русија во Крим, директното мешање во суверенитетот на Украина и поддршка на тамошните проруски политички елити, зајакнувањето на воените капацитети на НАТО во балтичките земји, обновувањето на редовното функционирање на Советот НАТО – Русија, и т.н. Во фокусот и понатаму ќе остане соочувањето со безбедносните закани кон Алијансата, а кои денес се неконвенционални и не секогаш предвидливи, па оттука и потребата за добра координација и заеднички одговор кон нив, како што се борбата против тероризмот и сајбер-заканите. Тука мора да се наведе и барањето на САД до другите земји-членки за зголемување на нивните буџети за одбрана и безбедност, со тоа и директен придонес кон Алијансата, ако се земе предвид фактот дека околу 80 отсто од буџетот на НАТО се обезбедува токму од САД. Односите НАТО-Украина, НАТО-Грузија, мисиите во Авганистан, Либија, проширувањето како стратегиска определба и мигрантската криза како резултат на конфликтите во Сирија и Ирак, се темите кои исто така ќе бидат дел од агендата на Самитот. Ценејќи ги околностите во кои ќе се одвива Самитот на Варшава, неслучајно укажав на неговата историска важност.
DW: Политиката на НАТО на „отворени врати“ не е безусловна. Спорот за името со Грција долго време беше единствена пречка за членство на Македонија во Алијансата. Но, тој услов падна во сенка на политичката криза. Уште по заклучоците од ланскиот Самит во Велс стана јасно дека Македонија сега ќе треба да исполни и други услови. Гледате ли напредок на тој план од лани до денес?
Рамадани: НАТО е политичко-воена структура, формирана врз основа на демократски принципи и вредности и секако политиката на отворени врати била и останува за сите земји кои ќе ги исполнат критериумите и стандардите кои се бараат за членство во Алијансата. Се согласувам дека ако на Самитот на Букурешт во 2008 година единствена пречка за членство во НАТО ни беше спорот за името со Грција, на минатогодишниот Самит во Велс листата на пречки се прошири и кон прашања поврзани со нормалното функционирање на една држава- аспирант за членство во НАТО. Имено, точката 96 од Декларацијата на Велшкиот самит која се однесува на Македонија, укажа и на други проблеми во државата како што се владеењето на правото, политичкиот дијалог, слободата на медиумите, независното судство, функционалното мултиетничко општество базирано врз вредностите на Охридскиот рамковен договор, добрососедските односи, и т.н. За жал, од лани до денес не е постигнат никаков значителен прогрес околу прашањата на кои не` упати Алијансата. Напротив, имаше продлабочување на политичката криза и целосен застој во спроведување на реформите и исполнување на стандардите. Единственото добро нешто што вреди да се истакне – е постигнувањето на пржинскиот Договор, кој ги адресира и прашањата поврзани со заклучоците на НАТО од минатогодишниот самит. Но, и понатаму останува предизвик неговото доследно и целосно спроведување, со цел да се излезе од кризата и итно да се спроведат системски реформи кои ќе ја вратат Македонија на патот на евроатлантските интеграции.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини