– Поранешниот гувернер на Флорида и претедендет за претседателски кандидат на Републиканската партија за изборите во 2016 година, Џеб Буш ги обвини актуелниот американски претседател Барак Обама и поранешниот државен секретар Хилари Клинтон дека се одговорни за подемот на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и за сегашниот конфликт на Блискиот Исток.

Image #: 2625014    Former President George H.W. Bush, U.S. President George W. Bush, and Governor Jeb Bush, leave together after the christening ceremony of the USS George H.W. Bush at Northrop-Grumman's shipyard in Newport News, Virginia October 7, 2006. The Navy's Nimitz-class aircraft carrier is scheduled to enter service in late 2008.   REUTERS/Kevin Lamarque /Landov

Во говор одржан во претседателската библиотека „Роналд Реган“ во Калифорнија, Буш рече дека „прераното повлекување“ на американските трупи од Ирак во 2011 година, претставувало „фатална грешка“ на претседателот Обама и на Клинтон, поради што, според него, дошло до дестабилизација во оваа земја и до создавање терен за раст на џихадистите од ИД.

– Во нестрпливото настојување да бидат креатори на историјата, тие двајцата (Обама и Хилари Клинтон) ја пропуштија можноста да бидат миротворци, рече Џеб Буш.

Во говоротм во кој главно се најдоа основите на републканската надворешна политика, Џеб Буш се заложи за поголемо американско присуство на Блискиот Исток, не давајќи детали какво би било тоа.

Буш побара создавање на безбедносна зона забранета за летови над Сирија, се заложи за смена на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и за зголемена американска поддршка за ирачките Курди и за поголема координација меѓу војската на САД и ирачките сили.

Хилари Клинтон, која има сериозни проблеми поради користењето на својата приватна електронска пошта за службена комуникација додека беше државен секретар на САД, не одговори на критиките од Буш, но со реакција се огласи еден од нејзините советници во кампањата.

Тој го обвини Џеб Буш дека се обидува „одново да ја пишува историјата“ и да ја префрла одговорноста на други, потсетувајќи дека одлуката за заминување на Американците од Ирак е на претходната администрација на неговиот постар брат, Џорџ Буш помладиот.

Советникот на Клинтон тврди дека и вината за подемот на ИД треба да се бара во Администрацијата на претходниот претседател, затоа што, како што сметаат во штабот на Хилари Клинтон, погрешно била распуштена ирачката армија и се дозволило потиснување на сунитите.

Слични содржини