Дилемите поврзани за уметноста и нејзиниот удел во обликот и создавањето на културните вредности во дадено општество, отсекогаш создаваат контраверзии кај критичарите и самите уметници. Од една страна, се наметнува прашањето за уметноста како цел само по себе, наспроти ангажираната на која и се препишува интерактивност со одредена публика и евидентен резултат во даден период.
Идеолошката матрица на одредени елити кој се обиделе да ја стават во одреден контекст екстаракцијата на уметноста, денеска ни овозможува да направиме разлика во делот на пропагандата и средствата која таа ги користи и чистиот артистичен израз што не се врзува за надворешен систем, туку произлегува од „еросот“ на самиот уметник.

Македонскиот уметнички код на вредности не секогаш е врзан со романтизирање на општествениот статус на одредени групи и поединци, туку вешто се потенцираат дисфункционалностите кои произлегуваат од дадедени појави и политики.
„Имам тумор во главата“, е метафорична реплика од најновото филмско остварување на режисерот Вардан Тозија, кој се обидува да го деконструира „инфицираното“ општетство во кое не можеш да останеш „човек“. Немилосрден и крајно апсуреден во прикажувањето на идејата, Тозија го прави главниот исчекор во режисерската одговорност, каде естетизираното е надминато и силно се исцртува изгубената моралност.
Насилство, сексуална злоупотреба, корупција и создавање на деморализирано општество е клучно во читањето на филмскиот наратив на „Џган“, кој нема намера да направи угодност во визуелниот приказ на општествените појави.
Тозија, успева да ја раскине врскта на децата со родителите, и за тоа како централни ликови поставува деца -домци, со цел чисто да се прикаже ударот на општествениот апурдизмот без интервенција на родителскската заштита. „Принцот чуван под стаклено ѕвоно“ е рушена фантазија од самиот почеток од раѓањето на битието, и отука неговото суштествување продолжува низ „најзагадените пори“ од постоењето. Што за нас претставува Другиот, Другото и Другоста? – е вешто наметната дилема, која на еден суптилен начин успева да продре низ филмскиот систем, без намера да ги предомисли ликовите – туку гледачите, со што овој филм потврдува една генијалност на уметничкиот израз, а тоа е суптилната порака која единствено го превоспитува гледачот.
„Џган“ е филм кој може да биде прочитан низ различни норми на естетиката и етиката. Но, суштината на овој уметнички продукт е делот од вистината, за тоа што крие „еманципираниот свет на убавото“, на крајот од денот./ Вероника Камчевска