Џон Малкович и Роберт Родригез подготвуваат филм чија премиера ќе биде во 2115

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Актерот Џон Малкович и режисерот Роберт Родригез ќе снимаат филм, чија премиера ќе биде дури по 100 години – во 2115 година.4516764

Лентата, чиј наслов е адекватен, “100 години”, ќе гледа на иднината и начинот на кој таа може да изгледа, во неколку различни перспективи. Иако веста за филмот беше објавена на прес-конференција, се уште се знае многу малку за него.

Според Родригез тој ќе биде “емоционално заситен”. Малкович од своја страна рече дека според него идејата е фантастична и дека би сакал ова да е судбината на повеќе филмови во кои учествувал.

Сите присутни на необичната прес-конференција, добиле по еден билет за престојната премиера на 18 ноември 2115 година во Париз, кој требада го предадат на своите наследници. Додека сепак дојде овој момент филмот ќе се чува во капсула зад непробојно стакло. “Кинодеецот прави нешто за да можат луѓето да го видат, па беше интригантна идеја да не знам каква ќе биде мојата публика … Во овој свет на инстант задоволување каде човек може да види сè и веднаш, што ќе се случи, ако ние направиме уметничко дело, на што публиката ќе може да ужива во некој одреден момент? “, рече на прес-конференција Родригез.

Во основа, сепак концептот на филмот е главно рекламен бидејќи финансирањето делумно доаѓа од луксузната марка коњак “Louis XIII”, што созрева 100 години пред да биде подготвен за консумирање.