ДЗР: Доцни изградбата на пругата кон Бугарија како дел од Коридорот 8, постои ризик од губење на европските грант средства

од Nikola Popovski
329 прегледи

Изградбата на делницата од Крива Паланка до границата со Бугарија, како дел од железничката инфраструктура на Коридорот 8, фаза 3, е еден од четирите проекти во рамките на претпристапната програма на ЕУ за животна средина и транспорт (IPP-2) во Македонија, за кој постои ризик од губење на доделените средства поради не спроведени тендерски постапки и несклучени договори. Ова го нотирале државните ревизори во последниот објавен извештај на тема „Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку буџетот на Република Северна Македонија, ЕУ фондови и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа“.

„За потребите на развојот на транспортната мрежа меѓу ЕУ и земјите од Југоисточна Европа, се предвидуваат инвестиции во патната и железничката инфраструктура кои ќе придонесат за рамномерен одржлив развој во однос на економијата, просторната интеграција, влијанието врз животната средина и социјалните аспекти. аспекти, како и социјалната кохезија. Проектите за изградба на Коридорот 8 од Фазата 1 и 2 на Источната железничка инфраструктура беа започнати во 1996 година и сè уште не се завршени. Вредноста на овие проекти е надуена и се платени пенали за непотрошени средства од 4,6 милиони евра поради неисполнети услови за извршување на кредитите во период од седум години, што укажува на неефикасно управување со овие стратешки проекти“, се вели во извештајот.

Според заклучоците за проектот за изградба на железницата како дел од Коридорот 8, планирањето и подготовката на третата фаза од него „одзема премногу време и постои висок ризик од загуба на грантови од ИПА грант средствата во износ од 60,765 милиони евра и идни фискални последици, поради потребата да се обезбедат дополнителни средства од државниот буџет“.

Од ДЗР потенцираат дека првично планираната вредност на проектот е зголемена.

Слични содржини