ДЗР: ЈСП Скопје не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги

од Nikola Popovski
294 прегледи

МОН две години не плаќа за бесплатниот превоз на студентите, за секој извозен километар се прави трошок од два денари, а приход од еден денар – ова го покажа извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на ЈСП.

Субвенциите од речиси 11 милиони евра за претпријатието не се доволни за одржливост и за развој на јавниот градски превоз.

Ревизорот утврди дека ЈСП, заклучно со крајот на 2023 година, на приватните превозници им должи над 93 милиони денари. Поради ова, тие работат со намален капацитет и не можат да обезбедат превоз на линијата во договорениот обем.

Ревизијата укажува и на проблемот со недостигот на возачи кои треба да ги управуваат автобусите.

Во однос на плаќањето на надоместокот за извршениот превоз, ЈСП „Скопје“ во континуитет не ја исполнува обврската за исплата на аконтативната/конечната пресметка за претходниот месец, 15 дена по приемот на фактурата. Заклучно со 31.12.2023 година, претпријатието има неподмирени обврски кон овластените превозници во вкупен износ од 93.254 илјади денари, што може да создаде дополнителни потешкотии во понатамошното работење на правните субјекти ангажирани во јавниот превоз.

Од почетокот на 2024 година, возачите на ЈСП штрајкуваа поради неисплатени плати. Проблемот се решаваше со субвенции. Град Скопје определи 11 милиони евра субвенции за плати на вработените во ЈСП до крајот на 2024 година.

Слични содржини