ДЗР: Неефикасни мерки за студентскиот стандард, хигиената во домовите оценета со 2,4

од Nikola Popovski
225 прегледи

Мерките и активностите за развој на студентскиот стандард не се доволно ефикасни и економични за да овозможат финансиска самостојност на студентските домови, констатираше Државниот завод за ревизија. Нема воспоставен регистар на студентски домови, што неповолно влијае врз спроведувањето на постапките за сместување на студентите. Бројот на легла се намалил.

Спроведената анкета на примерок од 286 студенти, кои добиле задача да дадат оценка од 1 до 5, покажала дека исхраната во домовите е оценета со 2,6, хигиената со 2,4, условите за учење добиле оценка од 2,5. во 2022-та, од 22,6 милиони евра за подобрување на студентскиот стандард, половина од парите или над 11 милиони завршиле за студентски оброк, а 30 проценти за исплата на стипендиите.

Бројот на стипендии се намалил, но, се зголемил бројот на апликации, а со тоа и на одбиени студенти, што според ревизорот покажува слабости во постапката за доделување стипендии.

Слични содржини