ДЗР со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МРТ

од Nikola Popovski
358 прегледи

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното радиодифузно претпријатие “Македонска радиотелевизија Скопје”, за 2020 година.

Со извршената ревизија за 2020 година изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.

Извршена е ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2017 година, при што овластениот државен ревизор се воздржа од давање мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики изразено е неповолно мислење.

Во февруари 2020 година извршена е ревизија на резултатите од спроведувањето на препораките презентирани во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор на ЈРП МРТ за 2017 година, при што е констатирано дека четиринаесет препораки се спроведени, пет се делумно спроведени, по девет препораки активностите се во тек, седум не се спроведени, а една препорака е неприменлива.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај ЈРП МРТ за 2020 година констатирани се следните состојби:

– постојат слабости во воспоставените внатрешните контроли во работењето на претпријатието и истите претставуваат ризик по успешното управување со ризиците, клучните економски операции, поделбата на надлежностите и воспоставениот надзор над активностите;

– не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти што може да влијае на планирањето, работата и развојот на претпријатието;

– во содржината на актот за организација и систематизација кај дел од работните места не се наведени барањата за конкретен вид на стручна подготовка и опис на работните задачи;

– интерните акти и начинот на пресметка на плата не се усогласени во целост со важечките законски прописи;

– не е воспоставена единица за внатрешна ревизија која треба да придонесе за подобро управување со ризиците, контролата и управувањето;

– во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица при Централниот регистар на РСМ не е извршен упис на основната главнина на претпријатието;

– пописот на средствата и обврските на крајот на годината не е спроведен во целост и на начин уреден согласно Правилникот за вршење на попис;

– утврдени се неправилности во начинот на евидентирање на залихите, поради што за дел од потрошената залиха не се евидентирани расходи;

– недостасуваат податоци за преземените мерки за наплата на побарувања кои се постари од пет години, како и можноста за нивна наплата;

– утврдени се неправилности во начинот на определување на работната успешност на вработените и во пресметката на додатоците за работа во смени и празници, како и во надоместоците по основ на правото за боледување и

– утврдени се неправилности во начинот на планирање, доделување на договорите за јавни набавки и нивната реализација.

Слични содржини